Компаниите ќе добијат подобри услови за позиционирање на косовскиот пазар

Bez autora
Aug 22 2011

Домашните компании треба да најдат начин како да се позиционираат на косовскиот пазар за нивните производи да бидат поконкурентни, оцени министерот за економија Ваљон Сарачини по средбата во Скопје со неговиот косовски колега Бесим Бечај. Тој истакна дека евентуалните мерки што би се презеле во таа насока би биле согласно Договорот со ЦЕФТА и Договорот зе меѓусебна соработка и економска соработка со Косово. - Како земји веќе неколку години наназад негуваме добри и пријателски економски и политички односи со тенденција да бидат продлабочени и збогатени со зеднички проекти и активности. Се почестите средби на бизнисмените од двете земји, каква што е и оваа иницирана од Стопанската комора на Северозападна Македонија, како и соработката меѓу институциите ни дава за право да очекуваме позитивни ефекти и во иднина, рече министерот Сарачини...

Компаниите ќе добијат подобри услови за позиционирање на косовскиот пазарДомашните компании треба да најдат начин како да се позиционираат на косовскиот пазар за нивните производи да бидат поконкурентни, оцени министерот за економија Ваљон Сарачини по средбата во Скопје со неговиот косовски колега Бесим Бечај.

Тој истакна дека евентуалните мерки што би се презеле во таа насока би биле согласно Договорот со ЦЕФТА и Договорот зе меѓусебна соработка и економска соработка со Косово. 

- Како земји веќе неколку години наназад негуваме добри и пријателски економски и политички односи со тенденција да бидат продлабочени и збогатени со зеднички проекти и активности. Се почестите средби на бизнисмените од двете земји, каква што е и оваа иницирана од Стопанската комора на Северозападна Македонија, како и соработката меѓу институциите ни дава за право да очекуваме позитивни ефекти и во иднина, рече министерот Сарачини.

Тој посочи дека Министерството за економија на Владата на Република Македонија ќе и достави информација за ратификација на договорот меѓу двете земји во делот на одбегнувањето на двојното оданочување, за потпишување меморандум за соработка во стандардизацијата, за учество на домашните компании на саеми, како и за отворање на магацински простор надвор од земјава што би го користеле домашните компании.

Косовскиот министер за економски развој рече дека мерките за реципроцитет што ги воспостави косовската Влада не се на штета на никој и оти нивната цел е да се воспостави владеење на првото и контрола на целата територија.- Со воведувањето на одлуката за реципроцитет Србија губи 500 милиони евра. Одлуката не е донесена избрзано, туку кога се виде дека нема веќе никакви други механизими за заштита на пазарот. Таа се темели на многу анализи и е резултат на консултации со меѓународниот фактор и партнерите од опкружувањето, рече Бечај.

Тој посочи дека разговарале за елиминација на нетарифните бариери кои, како што нагласи, ќе го олеснат бизнисот со што производите ќе станат конкурентни и ќе го заземат своето место на косовскиот пазар.

На средбата станало збор и за соработката во делот на енергетиката, за зајакнувањето на конкурентноста не двете економии, за заедничките проекти кои се во тек и за новите што ќе следат во иднина.

Косово е седми трговски партенр на земјава, а во делот на извозот е на второто место. Македонија во Косово извезува стоки во вредност од околу 300 милиони долари, а увезува за 34 милиони долари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik